UNIVERSAL HALL

Идејата за изработка на проект за универзална сала е произлезен од непосредната форма на локацијата и месоположбата, проследен со формата на постојниот објект како и симболиката и начинот до кој довело до негова изградба.

Имено објектот ја задржува постојната форма на универзалната сала само сега зголемена проширена, извишена и надоградена. Идејата за да се задржи постојната форма е затоа што сметаме дека таквата форма е едно обележје на локацијата, обележје на градот и форма која е врежана во глава на секој скопјанец, поткрепено со научните истражувања кои укажуваат на тоа дека кружната форма и покривката со купола е најдобра за акустика која соодвестува со намената на објектот. Прибидеејќи кружната форма историски гледано е веќе применувана и многу честа во историските епохи редно е истата да ја обложиме со елементи адекватни за тој период. Затоа се применети силни експонирани коринтски столбови кои се протегаат на три ката завршувајќи со кордон венец, и јонски столбови со богата парапетна и прозорска барокна обработка следејќи го колосеумот во Рим меѓутоа применувајќи антички македонски мотиви, односно орнаменти откопани во ископини ширум нашата држава.

Со барањето назначено во конкурсот дека проектот треба да се реализира по пат на јавно приватно партнерство сметавме дека соодветен објект кој би се надоградил на универзалната сала е хотел со ресторан на врвот кој има сопствена тераса со што на самата универзална сала, односно на посетителот во неа му даваме додатна содржина и обратно на странецот кој е опседнат во хотелот му даваме прилика ми можност без да го напушти објектот да дознае повеќе за културата и традицијата на земјата во која се наоѓа.

Целокупно гледано објектот е од отворен контролиран карактер. Кај него постојат главен влез во универзална сала, пристап преку панорамски лифтови, пристап преку подземен паркинг простори пристап преку горниот кат од хотелот. Во влезната партија се сместени две билетари и мониторинг служба.Фоајето е круг и во него составни делови се гардеробери со пулктови и санитарии димензионирани во се према нормативи и принципи искажани во нојферт. Од фоајето се влегува во салата и од истото е лоциран службениот влез за солистите.Салата е со капацитет од 2600 обични седишта и 200 седишта сместени во вип кабини кои се наоѓаат на третото ниво. Преградувањето е овозможено со клизна хармоника конструкција изведена од соодветна акустична изолација и со електрична команда на затворање и отворање. Со преградена сала се капацитетот на салата се намалува на 1200 посетители и во тој момент не е можно да функционира вип делот. Во делот за солисти и други изведувачи се наоѓаат следниве простории, влез , санитарии, просторија за сниматели и вертикални комуникации (скали и лифт). На катот се наоѓа ат исто така санитарии гардеробери и тоалети за шминка и припрема пред настап .овие содржини се наоќаат на вториот кат и истите со сцената се поврзани со скалишен простор. Сцената е димензионирана согласно барањата во конкурсната документација, задсценскиот простор и сценската кула е во комуникација со скали и лифт со подземното ниво -1 каде е овозможен пристап со возило и лесна достава на потребните реквизити и материјали, како и со останатите помошни простории кои се сместени во подземното ниво -1. Пристапот во подземното ниво -1 е овозможено преку рампа и во правец на таа рампа се наоѓа влезна капија во овие сервисни простории кои кореспондираат со предходниот опис. Стигнувањето до паркинг просторот е овозможено преку рампи кои се лево и десно во однос на главната рампа и тие се со многу благ наклон (4%) со што при самото симнување по нив е оформено паркирање лево и десно. Од паркинг просторот е овозможен пристап на погорните нивоа преку скалила и лифт.

Малата сала е спротивно во однос на големата и користат иста сценска кула, исти комуникаци, може и заедничка опрема, меѓутоа е можна и нивно самостојно функционирање согласно програмските барања.Малата сала е димензионирана за прием на најмногу 400 посетители согласно квадратурата по посетител по параметри од книгата на Нојферт.

При паузи, за пушачи или за доловување на убава глетка е оформена и овозможен пристап на тераса која е над главниот влез на која има фонтана и предвиден социјален простор. Пристапот до оваа тераса е овозможен за посетителите од вип салонот преку директно излагање, преку четвртото ниво преку фоајето и преку панорамските лифтови. Истата е оформена со цел да се види велелпноста и грандиозноста на саниот објект но и на самата околина. Доколку има и поголеми амбиции и потреба од средба со ручек или обична пијачка овозможен е преку двата странично поставени панорамски лифтови да се пристапи на врв на објектот каде е сместен ресторан кој располага со преубав поглед и со голема непокриена тераса за амбиентална вечер.

Пристапот до хотелот е овозможен од јужната страна и комуникацијата во него се одвива со два панорамски лифта како и со скали. На кровот од малата сала е сместено машинското одделение за нејзино функционирање, а над него е сместен кров со фонтанска обработка затоа што просторот од три ката каде се наоѓаат апартманите располага со галерија во која се оформени водени зидови и водени текови кои го јонизираат воздухот на природен начин и истите завршуваат на споменатиот кров. Луксузните апартмани се наоѓаат на подкровјето од објектот кој е засводен со армирано бетоска конструкција обложена со бакарен лим. Наподкровјето се наоѓа и ресторанот кој е предходно спомнат и истиот го опслужува и гостинот од хотелот но и било кој посетител. Регулацијта на движење на овој кат е овозмоѓена преку картичен електронски систем.

Ориентацијата на просториите во хотелот е на сите четири страни со што ги задоволува вкусовите на сите посетители. Согласно напомената во конкурсната документација трудот да биде адаптибилен во рамки на користењето на просторот треба да се напомне дека истиот може да се пренамени и во него без никаков проблем може да се сместат базени, фитнес центар, сауна и останати единици со едноставно заменување (пренаменување) на централниот галериски простор.

Во поглед на целокупното функционирање на објектот е предвидено и поставување на фонтана во двораната која ќе биде со одредена тематика и изведена од македонски мотиви. На нејзиниот врв се наоѓа часовник кој го покажува времето, под него се наогаат електронски часовници кои вртат како бенер покажувајќи го времето во дијаспората. Покрај оваа обична функција на фонтаната предвидено е истата да изведува одреден ритуал пред 15 минути пред почеток на секоја представа. Планираниот ритуал е следниот : на 15 минути пред почетокот на представата саатот се отвара и од него излегува тапан и удира три пати, на фонтаната во централниот дел има факели кои се палат, тапанот се повлекува а излагаат фигури кои го симулираат орото тешкото (кое е заштитено од унеско) а воедно и започнува истото да свири. По завршетокот на орото часовникот се затвора и по 5минути почнува представата. Покрај овој ритуал доста интересно е и самото спојување на два јаки елементи во една целина, огнот и водата две силни енергии пред една грандиозна е величенствена градба посветена на музиката.

Проектната приказна околу еден импозантен објект како што е Универзална сала подкрепено со идеен проект каков што Ви е понуден мислиме дека ветува многу сила многу доминација и ќе раскажува уште една епизода од македонското постоење и кревање на македонскиот идеал на ниво на кое треба да биде. Се надеваме дека со приложеното решение ги задоволивме потребните естетски и функционални и практични барања.

3д проект за Универзална сала освоена втора награда. Приказна каде колосеумот влегува во арената.

Universal Hall

Start

Universal Hall

Start

Universal Hall

Start

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version

Universal Hall

Final version